СВР Тетово повторно со апел до возачите да не седнуваат зад волан под дејство на алкохол и да ја доведуваат во ризик сопствената и безбедноста на другите учесници на сообраќајот. Дали се вози под дејство на алкохол, секојдневно ќе продолжат сообраќајно-контролни активности со несмалено темпо и интензитет и на подрачјето на СВР Тетово.
-Алкохолот ја намалува нивната способност и концентрација за безбедно управување. Ова, дотолку повеќе што во полн ек е сезона на свадбени и други семејни свечености и осетно зголемена е сообраќајна динамика на подрачјето. До возачите се апелира, исто така, да не ги користат мобилните телефони додека возат, бидејќи телефоните им го одвлекуваат вниманието и за миг можат да предизвикаат сообраќајни несреќи, неретко и со посериозни последици, вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Вчера е спроведена е акциска контрола на возачи – дали и колку од нив ги управуваат возилата под дејство на алкохол, при што биле откриени и санкционирани двајца возачи.
Исклучени се од сообраќај, изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со парични глоби кои за овој вид прекршок се движат од 225 до 375 евра во денарска противвредност. При контролата, исто така, биле санкционирани и 14 други видови сообраќајни прекршоци.