Беше неизоставен дел од секоја прослава, а сега и вие можете да го направите овој колач кој ќе ви врати спомени од едни убави денови.
Се работи за колач со ореви и кафе. Некогаш десертите се правеа до едноставни состојки кои ги имавме дома, а рецептите се пренесуваа од колено со колено. Таков е и рецептот за овој колач, кој напамет го знаеја домаќинките од поранешна Југославија.
За да го приготвите ви се потребни следниве состојки:
За кора
7 јајца
200 гр шеќер
5 лажички кафе
7 лажички вода
Прстофат сол
200 гр брашно
За фил
3 јајца
250 гр шеќер
3 лажички кафе
250 гр путер
И уште:
200 гр сечкани ореви
Подготовка
Жолчките изматете ги со 100 грама шеќер. Во врела вода растопете го кафето и додајте го во жолчките. Изматете ги добро сите состојки.
Настрана изматете ги белките со прстофат сол и додајте го преостанатиот шеќер. Соединете ја смесата од жолчките и белките, измешајте ја па додадете ги брашното и прашокот заа печиво. Уште еднаш измешајте сè, овојпат во блендер.
Рерната вклучете ја на 180 степени, а смесата ставете ја во плех обложен со хартија за печење и печете 15-20 минути. Оставете ја испечената кора да се олади па исечете ја на три еднакви делови.
За да добиете крем односно фил, изматете ги јајцата со шеќерот, па додајте кафе и сè заедно ставете да се вари на пареа. Кога смесата ќе се загрее, оставете ја на шпоретот барем уште десетина минути и константно мешајте. Оставете го да се олади и добро измешајте го.
На дното ставете го првиот дел од кората, премачкајте со кремот и посипете од сечканите ореви. Одозгора ставете ја и втората кора и повторете ја постапката. Последната кора, исто така поспиете ја со ореви.
На здравје!
Извор: espreso.co.rs