Камила Ванеса Кордеиро од Бразил го запознала мажот од своите соништа кога имала 25 години.
Тој бил десет години постар од неа, но независно од разликата во годините, тие се заљубиле. Љубовта ја крунисале со брак во 2013 година, а по една година добиле и син. Оваа бајка завршила во 2017 година, кога Камила поради мозочен удар завршила на операција.
Цели 78 дена била во кома, а кога се разбудила дознала една лоша вест. Нејзиниот сопруг и мајка ѝ почнале афера, а дури подоцна и се венчале.
Мојата мајка одела во мојата куќа за им помага на сопругот и синот додека јас бев во болница. Во тие четири месеци додека се борев за живот, сопругот ме посетил два пати, а мајка ми ниту еднаш. Татко ми ми ја кажа веста кога се разбудив и од тогаш, јас веќе не ја нарекувам мајка – изјавила таа за медиумите.
Камила всушност доживеала двојно изневерување.
Била разочарана и ја почувствувала најлошата болка во животот која ја опишува како некој да ѝ има забодено нож во грбот. Не може да поверува дека тие двајца ја слават својата љубов. Нејзиниот син сега го гледа татка си неколку пати неделно, но сепак Камила смета дека не е здраво шестгодишно дете да биде изложено на таква токсична ситуација. Болката ја оставила зад зебе, а веќе десет месеци има и нов партнер. Вели дека освен на него, фокусирана е на своето дете, но и на татко ѝ – пренесува The Sun.
Извор: vecernji.hr