Врховниот суд на Јапонија денеска пресуди дека одлуката за ограничување на употребата на тоалети од страна на трансродовите жени на нивните работни места е неприфатлива.
Одлуката доаѓа по серијата главно позитивни пресуди на регионалните судови во Јапонија за истополовите бракови и по донесувањето на законот за подобрување на разбирањето на ЛГБТ заедницата.
Вработена во Министерството за економија, која го променила полот, поднела тужба затоа што ѝ било дозволено да го користи само женскиот тоалет на работното место одалечен неколку ката од нејзината канцеларија, наместо поблиските.
Окружниот суд во Токио во 2019 година пресуди дека ограничувањата се незаконски, но одлуката беше поништена од Вишиот суд во Токио во 2021 година.
Во Јапонија луѓето можат законски да го променат полот доколку се подложат на операција на трансродови лица.
Жената во судскиот случај не можела да го стори тоа од здравствени причини, пишуваат медиумите.