„Ако ни се спротивставува директорот да го прими и да го одложиме отпадот внатре, луѓето ги држиме саат време овде, тие имаат фамилии а имаат и уште многу работа, тогаш ќе го одложиме отпадот пред „Дрисла“ па тоа ќе треба да си го собира директорот и градоначалничката“, истакна Градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски пред Депонијата „Дрисла“, каде се заедно со градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.
Ѓоргиевски рече дека ќе почекаат уште 10 минути максимум.
„Дечки ќе почекаме уште 10 минути, ако не добиеме одобрување од страна на директорот кој им забранува да комуницираат со нас, да ги отвори рампите да се влезе да се одложи ѓубрето, а за тоа плаќаме и имаме договори сите општини“, изјави Ѓорѓиевски.
Ѓорѓиевски посочи дека ако не прифатат да ги отворат рампите тогаш ќе го одложат целиот отпад тука на цела одговорност негова и на Тимчо Муцунски.
Тоа и се случи. Ѓубрето од камионите, со пренос во живо на Фејсбук, беше растоварено пред портите на „Дрисла“.
Погледнете ги видеата на градоначалникот на Кисела Вода, кога се истовара ѓубрето: