Во Град Скопје вечерва заседава Кризниот штаб за актуелните случувања во „Комунална хигиена“. По седницата најавена е изјава за медиумите на градоначалничката Данела Арсовска.
Дел од медиумите вечерва јавија дека раководството на Комунална хигиена успеало да мобилизира неколку камиони за да го соберат сметот во главниот град, но вработените кои протестираат не дозволиле возилата да излезат од претпријатието.
Во меѓувреме, дел од скопските градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ се самоорганизираа за вечерва да ги исчистат улиците од сметот.
-Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ на општините во состав на град Скопје, гледајќи ја неспособноста на градските власти и Арсовска вечерва се самоорганизираат. Градоначалниците Тимчо Муцунски на Аеродром, Орце Ѓорѓиевски на Кисела Вода, Бобан Стефковски на Гази Баба, Александар Стојкоски на Ѓорче Петров и Дарко Костовски на Бутел ќе бидат на терен со општинските служби во чистење на Скопје, соопшти вечерва ВМРО-ДПМНЕ.