Сардините Stella кои се продаваат во вакуум пакувања од 200 грама се повлекуваат од хрватскиот пазар поради можно присуство на хистамин над дозволените граници.
Европскиот систем ги советува купувачите оваа сардина, произведена од италијанската компанија Стела од Милано, да не се консумира и да се врати во продажното место.
Зголемени вредности на хистамин биле откриени со пазарни контроли на продажни места во Италија, објави Европскиот систем за брзо предупредување за храна и животни.
Хистаминот е особено проблематичен за луѓето кои се алергични на него.
Зголемените нивоа на хистамин кај рибите обично укажуваат на недоволна свежина на производот, лошо ладење и лоши хигиенски услови.
Симптоми на труење со хистамин се мачнина, гадење, главоболка, висока температура, отежнато дишење и осип на кожата и чешање, пренесува независне.ком.