Веста за разводот на Рики Мартин по шест години брак со Џван Јозеф одекна во сите светски медиуми и ги шокираше неговите обожаватели.
Сепак, латино ѕвездата наведува дека нема кавга и дека тој и Џван ќе продолжат заедно да се грижат за нивните четири деца, пренесува пинк.рс.
Она што сите ги интересира е кој ќе го скроти срцето на Рики по разводот, со оглед на тоа дека со години е бисексуалец. Пред врската со мажи, тој беше во врска со жена цели 9 години.
Иако се шпекулираше дека водителката Ребека де Алба за него е само „маска“, Рики објасни дека сексуалноста не може да биде црна или бела, туку спектар од различни бои.
-Сексуалноста е комплицирана работа, не е се црно-бело, туку полно со бои. Кога излегував со жени, бев вљубен во нив. Се чувствував добро, се чувствував убаво. Не можете да ја лажирате хемијата што ја чувствувате со некого, хемијата беше таму кај нив. Не излажав никого – изјави тој за магазинот Пипл.
Especially if both people have to be famous! Like Ricky Martin and all his ex girlfriends (pictured is Rebecca de Alba) in retrospect is astoundingly obvious but no one knows who she is pic.twitter.com/22sRcKWeup
— Briana💕🏳️⚧️ (@DJSleepySpice) June 25, 2020
Рики девет години живеел со познатата мексиканска ТВ водителка Ребека де Алба, а во неколку наврати имал само пофални зборови за неа.
-Таа жена беше неверојатна. Таа беше силна. Таа знаеше дека сум геј, но останавме заедно. Кога раскинавме, јас само работев, работев и ништо друго – рекол пејачот за својата поранешна девојка.
Мартин во неколку наврати вели дека е бисексуалец и дека постои можност да биде со жени доколку му се допаѓаат. Тој повеќе не разговара со Ребека, иако секогаш зборува за неа со голема почит.