Според податоците обработени од Климатскиот реанализатор на Универзитетот во Мејн, последниот седумдневен период бил за 0,04 степени Целзиусови потопол од која било друга недела во последните 44 години за кои се достапни податоци. Во средата беше повторен рекордот поставен ден порано за највисока просечна температура на Земјата – 17,18 степени Целзиусови.
Рекордот за најтопол ден во светот е соборен двапати за 3 дена
Климатскиот реанализатор користи сателитски податоци и компјутерски симулации за мерење на моменталната состојба ширум светот.
Иако податоците се неофицијални, според анализа цитирана од Асошиејтед прес, многу научници се согласуваат дека тие покажуваат дека климатските промени навлегуваат на непозната територија. Портпаролот на Белата куќа Абдула Хасан рече дека „вознемирувачките појави на екстремни климатски настани кои влијаат на милиони Американци ја истакнуваат итноста на климатската агенда на претседателот Бајден и апсурдноста на тековните напори на републиканските членови на Конгресот да ја блокираат и укинат“.
Во четвртокот, американската Национална управа за океани и атмосфера (НОАА), чии податоци се сметаат за „златен стандард“ на терен, рече дека не може да ги потврди неофицијалните податоци.
„Иако NOAA не може да ја потврди методологијата или заклучоците од анализата на Универзитетот во Мејн, ние признаваме дека сме во топол период поради климатските промени и, во комбинација со Ел Нињо и топлите летни услови, гледаме рекордно високи температури на површината, пријавени во многу места низ светот“, се вели во соопштението на агенцијата.
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш рече дека најновите податоци покажуваат оти „климатските промени се надвор од контрола“.
„Ако продолжиме да ги одложуваме неопходните клучни мерки, мислам дека се движиме кон катастрофална ситуација, како што покажуваат последните два температурни рекорди“, рече Гутереш.
Меѓу најголемите придонесувачки фактори за овонеделните температурни рекорди е невообичаено благата зима на Антарктикот. Делови од континентот и околниот океан се за 10-20 степени потопли од просекот за периодот 1979-2000 година.
извор: Асошиејтед прес