Денес во суд покрај иречување на пресудите за „софтвер“ падна и запросување.
-Во однос на мојата семејна состојба која е земена како околност, јас како неженет би се дал во бегство, јас со целото мое срце, ја прашувам Ирена дали ќе се омажи за мене, јас ќе бидам покрај тебе, рече четвртообвинетиот, Даниел Станчев, откако му пресудија четири години затворска казна, па ја побара својата девојка, Иена Ивановска, којашто е всушност обвинета во истиот случај, за жена.
Ирена стана од столчето, ја прифати понудата за брак, се гушнаа и добија голем аплауз.
Судијката Фанка Јанчулева-Михаиловска рече дека е прекрасен момент за нив двајцата и потоа даде пауза.
Погледнете го видеото од запросувањето:
Судот ги прогласи за виновни, за Даниел Станчев 4 години во кои ќe биде пресметано и времето поминато во куќен притвор, за Ирена Ивановска определена е казна затвор од 3 години и 6 месеци.