Во Штип полициски службеници од Полициска станица Штип вчера од слобода ги лишиле О.М.(45) од Штип и И.Д.(31) од Велес.
При претрес во просториите каде што престојувале, извршен со судска наредба, информираа денеска од МВР, била пронајдена и одземена прашкаста материја.
– Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, додаваат од МВР.