По големото невреме што денес ја зафати Струмица, Територијалната противпожарна единица Струмица мобилизира 25 пожарникари-спасители и сите расположиви технички средства.
Досега имаме преку 60 пријави, сите екипи се на терен и работат на испумпување на водата од поплавените простории. Кај секој граѓанин кој што има пријавено поплавени простории ќе биде реагирано и никој нема да биде оставен без помош. – информираа од ТППЕ Струмица.
Оттаму апелираа граѓаните да имаат разбирање бидејќи се работи за големи количества на вода и е потребно време за истата да биде испумпана.