До Основното јавно обвинителство Битола пристигна наодот од извршената обдукција за причината за смртта на новороденчето.
-Надлежен јавен обвинител го разгледа, по што во текот на утрешниот ден ќе издаде Наредба до Институтот за судска медицина во Скопје за вешт наод со кој ќе се утврди евентуална причинско-последична поврзаност меѓу причината за смрт и породувањето. Надлежниот јавен обвинител ги презема сите неопходни дејствија за испитување на настанот и евентуална кривична одговорност, информираат од Јо и ддаваат:
-Нагласуваме дека во оваа фаза од постапката, секое јавно изнесување на доказите од засегнатите страни, нанесува штета и ја компромитира постапката. Сите страни се обврзани да ги почитуваат законските одредби за тајност на предистражната постапка, се вели во информцијата од ЈО.
Претоидни адвокатот на родилката Јанаки Митровски на својот Фејсбук прфил напиша:
-Како адвокат на родилката Викторија Крстевска чие бебе почина во болницата во Битола, извршив увид во списите на предметот при ОЈО Битола. Она што е евидентно од страна на двајцата лекари кои го вршеле пораѓањето е дека има јасна интенција да се префрли вината на гинекологот кој ја водел бременоста а не зел учество во пораѓањето. Исто така е евидентен нивниот обид да ја претстават родилката како агресивна и некооперативна иако вистината е дека од страна на докторката е навредувана, на истата и е викано, препорачано “да си оди во Плодност ако не и чини” и останати омаловажувања, вели тој и додава:
-Помеѓу сестрите кои биле на пораѓајот постои лесно уочлива координиораност и мој сомнеж е дека се припремани за исказот во ОЈО затоа што исказот им е школски, односно ист од збор до збор! Единственото нешто од кое сме задоволни е коректната вонредна инспекција на Министерството за здравство каде се детектирани серија недостатоци, грешки, недостиг на опрема или неисправност на истата, како и непочитување на протоколи и процедури од страна на болницата и лекарите. Обдукцијата ќе биде готова за два дена а родилката основано се сомнева дека ќе се оди на варијанта наше дете, а ОЈО Битола ќе се повика на обдукцијата и крај на приказната. Затоа денеска се обративме до ОЈО Битола со наш предлог на докази со цел да не се дозволи страно мешање во предметот а знаеме дека такви обиди има, напиша адвокатот.