Братот на актерот Никола Којо, Владимир Којо, почина на 59-годишна возраст, на белградскиот Хиподром, од удар од коњ.
Владимир бил специјалист за коњи на кој му посветил децении од својот живот.
По ужасната вест за неговата смрт, екипа на телеграф.рс отиде на хиподром, каде го затекнале пријателот од детството на Владимир, кој дошол неколку моменти по страшната несреќа, па бил сведок на болните моменти додека не дојде брзата помош.
-Судбината го зеде на неверојатен начин. Го удрил коњ. Се однесуваше аматерски, момент на негово целосно невнимание. Скокна од грмушката… Ниту Владимир го виде коњот, ниту коњот него. Сè се случи со неверојатна брзина. Овде се случуваат несреќи, тоа е екстремен спорт, но вакво нешто не се случува често. Тоа беше коњ за трка. Владимир не можеше да го заузда иако беше специјалист за немирни коњи, ги тренираше со години – ни изјави Михајло.
Како што открил Којо се здобил со страшни повреди, такви што лекарите биле изненадени како тој воопшто преживеал.
-Лекарите беа изненадени како тој воопшто преживеал таков удар, како да го удрил воз. Беше во кома. Син му бил таму, го реанимирал, патем е и тренер. Тој беше првиот што виде што се случи, тој и мојот брат. Наидов неколку секунди после тоа. Пулсот му престана двапати за 10 минути, двапати го реанимиравме. Брзата помош пристигна многу брзо, но ми се чинеше како цела вечност, кога еден човек умира во моите раце. Го земале и веднаш се обиделе да го реанимираат. Човекот беше здрав, срцето му беше силно, но имаше такви повреди што беше тешко да се спаси – ни изјави пријателот од детството на Владимир.