Голема трагедија му се случи на семејството на познатиот холивудски актер Роберт де Ниро, бидејќи со молскавична брзина го обиколи светот веста дека починал неговиот внук.
Младиот Леандро Де Ниро Родригез имаше само 19 години и целиот свет денес е со семејството на Роберт Де Ниро во овие тешки моменти, пренесува курир.рс.
-Мој прекрасен, сладок ангел, те сакав толку многу што зборовите не можат да опишат, уште од моментот кога за прв пат те почувствував во мојот стомак. Ти беше радоста на моето срце и се што беше чисто и вистинито во мојот живот – напиша ќерката на познатиот актер.
Многу луѓе беа трогнати до солзи од нејзиниот многу трогателен текст.
-Посакувам да бев со тебе сега, не знам како да живеам без тебе, но ќе се обидам да одам напред и да ја раширам љубовта и светлината што ги чувствував поради фактот што сум твоја мајка – напишала мајката на починатото момче Дрен де Ниро.
Официјалната причина за смртта се уште не е потврдена преку официјални канали, ниту пак некој од семејството на несреќното момче ја соопшти причината.
Но, голем број светски новинари почнаа да ја истражуваат темата и некои информации протекоа во јавноста.
Добро информиран полициски извор открил нова информација за Дејли Мејл. Имено, покрај починатиот Леандро наводно била пронајдена прашкаста материја.
Исто така, истиот извор тврди дека на неговото тело нема траги на траума. Ова отвора простор за очигледни инсинуации, но се уште чекаме некој од полицијата или семејството официјално да се обрати до медиумите за тоа прашање.