Од ЦУК информираат дека на врвот на Водно е пронајдена жената со две малолетни деца, која барала помош, по интервенција на неколку субјекти жената е спуштена до Средно Водно кај автомобилот.
– Вечерва, во 20.03 часот на бројот за итни случаи 112 е добиена порака дека на врвот на Водно кај жичницата, останале лица кои барале помош. Поточно помош барала жена со две малолетни деца, бидејќи задоцниле да се вратат и немале и не знаеле друг начин за да се симнат кон Средно Водно, жичницата повеќе не работела и мракот веќе не им дозволувал да се движат безбедно. ЦУК побара помош од ЈСП од каде рекоа дека жичарата веке е затворена и дека не може повторно да се активира. Дежурните од Секторот за операции и координација во ЦУК, биле во постајана комуникација со госпоѓата, со генералниот секретар на Црвениот Крст и со други можни субјекти коишто можат да помогнат при вакви ситуации. По куса координација, била решена ситуацијата со задоцнетите посетители на врвот на Водно над Скопје. Со службен џип на Армијата, кој бил во околината биле пронајдени и превезени до нивното возило на Средно Водно. По 21.00 часот жената се јавила во ЦУК за да каже дека се е воред и дека се враќаат дома, информираат од ЦУК.