Супермоделот Наоми Кембел го роди своето второ дете на 53-годишна возраст.
Радосната вест ја сподели на Инстаграм и напиша:
„Никогаш не е доцна да се стане мајка“.
“Драг мој, знај дека си почитуван и сакан и опкружен со љубов од моментот кога не благослови со твоето присуство. Вистински дар од Бога, вистински благослов. Добредојде мое момче. Никогаш не е доцна да се биде мајка”, таа напиша на Инстаграм.
Наоми објави и фотографија на која го држи синот облечено во бело, а се гледа нејзината прва двегодишна ќерка како му ја подава раката на новородениот брат.
Во мај 2021 година, манекенката го дочека своето прво дете, ќерка чие име никогаш не го соопшти во јавноста. Таа не откри како бебето дошло на свет, но инсистираше дека тоа не е посвоено.
„Таа не е посвоена, таа е мое дете“, изјавила Наоми во интервју за британски „Вог“ и додала дека на една рака може да смета на бројот на луѓе кои знаеле дека планот таа да стане мајка.
Се претпоставува дека станува збор за сурогат мајчинство, со оглед на тоа што само неколку дена пред да се роди нејзината ќерка, Кембел прошетала на пистата на модната недела во Њујорк без видлив труднички стомак, пренесува најжена.