Познатата актерка Моника Белучи официјално ја потврди врската со режисерот Тим Бартон, откако медиумите објавија дека се во врска неколку месеци.
Во интервју за француското издание на магазинот „Ел“, актерката признала дека го сака.
“Што да кажам. Мило ми е што го запознав. Тоа е една од оние средби што може да се случат во животот. Го познавам човекот, го сакам и сега ќе се сретнам со режисерот Тим Бартон, започнува нова авантура“, рече таа, мислејќи на нејзината улога во новиот филм“, кој се снима во Лондон.
Како што додала, врската ја започнале во октомври минатата година, а се познаваат 16 години.
Тој тогаш бил во брак со нејзината колешка Хелена Бонам, додека Моника се разведе од актерот Винсент Касел пред неколку години.