Пејачката Гоца Тржан и нејзиниот колега Стефан Здравковиќ, попознат како Принцот на Врање, го снимиле дуетот „Мирно“ и по тој повод направиле вкрстено интервју каде мегусебно си поставувале прашања.
Гоца најпрвин изјавила дека нивниот дует ќе им се допадне на луѓето кои ја сакаат музиката и дека нивните гласови одлично се совпаѓаат.
-Подобро од „Илјада и двеста милји“ – самоуверено рекол Принцот од Врање, алудирајќи на хитот што Гоца своевремено го сними со еден од најдобрите вокали од овие простори, Тоше Проески.
-Ја сакам твојата јужна скромност – рекла Гоца со шеговит тон, а потоа му го постави првото прашање:
-Дали ја сакаш музиката? – го прашала Гоца.
-Не! Никогаш не слушам музика и тоа го правам за слава и пари! – низ смеа одговорил Стефан, а потоа возвратил со слично прашање:
-Зошто ти влезе во музиката?
-Затоа што речиси станав актерка и ми беше важно да бидам на штици што живот значат. Кога на крајот не се запишав на Факултетот за драмски уметности, на моите родители им реков дека ќе бидам на штиците што живот значат, дури и да ги чистам. Ја сакам музиката затоа што тоа е начин на изразување, рекла Гоца, а пренесува курир.рс.