На плажата во Повљана на Паг, објавени се известувања за казна од 150 евра за оние кои ќе дојдат на плажа со куче.
Како што дознава порталот пословни.хр од читател кој неодамна бил таму со своето куче и испратил фотографии, општината ги поставила знаците.
Читателот смета дека казната е претерана, но како позитивен факт го истакнува тоа што во Повљана има плажа за кучиња.
-Слушнав дека многу туристи со домашни миленици го напуштиле сместувањето порано од планираното затоа што се чувствуваат недобредојдени, токму поради таквите драстични известувања и казни што „паѓаат во очи“, потенцирал читателот.
Повљана се наоѓа во јужниот дел на островот Паг, и има помалку од 1.000 жители.