Млад турист идентификуван само како Иван го оштетил римскиот Колосеум така што со клучеви ги врежал своето и името на неговата свршеница на еден од ѕидовите на амфитеатарот Флавијан, а сега се соочува со парична казна од најмалку 15.000 евра и до пет години затвор, пренесува нова.рс.
Некои случајни минувачи ја снимиле сцената која најверојатно се случила на 23 јуни, а видеото завршило на социјалните мрежи и ја алармирало полицијата.
Турист издлабил „Иван + Хејли 23“ во ѕидот на 1.937-годишниот римски Колосеум со клучеви, алудирајќи на годината кога го посетиле овој иконски амфитеатар.
ROME—Italian Government is seeking to identify this tourist, who carved the name of his girlfriend, “Hayley”, into the wall of the Colosseum.
Do NOT visit a country and deface historical and/or sacred landmarks.
pic.twitter.com/ngcJ4jI8Ct
— Bree A Dail (@breeadail) June 26, 2023
Видеото е објавено на Редит под наслов: „Е**н турист го издлаби името во Колосеумот во Рим“.
На видеото се жали човекот кој зборува англиски и ја снима целата работа:
„Сериозен си човече? Ова е „прекрасно“, ти си таков гупак“.
Многумина му порачаа на авторот на видеото дека треба да го испрати во полиција со надеж дека ќе го фатат вандалот.
Italian authorities are searching for a tcouple who wrote their names 'Ivan + Hayley' on the wall of Rome’s ancient Colosseum.
The video has provoked outrage in Italy with the couple being slammed for using a key to deface the 1,937 year old wall.
pic.twitter.com/c7PKeKPMgR
— Oli London (@OliLondonTV) June 26, 2023
„Многу сериозен и недостоинствен чин и знак на недостаток на манири. Се надевам дека сторителот ќе биде идентификуван и санкциониран според нашите закони“, рекол министерот за култура Џенаро Санџулиано.