Шефот на паравоената група Вагнер Евгениј Пригожин штотуку објави 11-минутна аудио порака, прва по бунтот што го организираше во саботата, кој заврши со повлекување на неговите борци.
Во пораката тој вели дека причината за бунтот е тоа што никој од командантите не се согласил да потпише договор со руското Министерство за одбрана и дека поради тоа неговата платеничка чета била принудена да престане да постои на 1 јули.
„Командантите во Вагнер мислеа дека ако потпишат со Министерството за одбрана, ќе се претворат во топовско месо поради начинот на кој редовната армија се покажа во акциите“, рече Пригожин. Тој додаде дека некои борци решиле да се приклучат на силите на Министерството за одбрана, но дека тие се малкумина.
„Ние бевме категорично против тоа… Но, правевме инвентура, планиравме да се појавиме во Ростов на 30 јуни и јавно да ја поставиме нашата опрема во близина на раководството на армијата. Сепак, и покрај тоа што не покажавме никаква агресија, бевме погодени. Во воздушен напад загинаа 30 борци и тоа не принуди веднаш да тргнеме. Целта на нашата акција беше да го спречиме уништувањето на Вагнер и да ги изведеме пред лицето на правдата оние кои со своите непрофесионални постапки направија голем број грешки за време на специјалната воена операција. Имаше барање за тоа во јавноста“, рече меѓу другото шефот на приватната воена компанија Вагнер.
⚡️Wagner PMC chief #Prigozhin published the first address since his armed rebellion in Russia ended:
“We didn't march to overthrow Russia's leadership and turned around to avoid spilling the blood of Russian soldiers. We regret that we had to hit Russian aviation. Our march… pic.twitter.com/YUpxBo47Tv
— KyivPost (@KyivPost) June 26, 2023
Тој додаде дека запреле во моментот кога „првиот јуришен одред ја распоредил артилеријата и извршил извидување на теренот од што било очигледно дека во тој момент ќе се пролее многу крв“.
Пригожин вели дека целта на бунтот не била соборување на владата и дека маршот на Вагнер кон Москва покажува „сериозни безбедносни проблеми“ во Русија.
Тој рече дека војниците на Вагнер добиле поддршка од луѓето во градовите низ кои минувале. Исто така, соопшти дека белорускиот претседател Александар Лукашенко му обезбедил на Вагнер начини да продолжи да функционира.
Во својата аудио порака тој не соопшти на која локација се наоѓа.
Во согласност со договорот постигнат со посредство на белорускиот лидер Александар Лукашенко кој ја смири кризата доцна во саботата, Кремљ соопшти дека кривичното дело против Пригожин ќе биде отфрлено и тој ќе се пресели во Белорусија. Сепак, некои московски медиуми објавија дека постапката против Пригожин не е прекината и дека истрагата продолжува.
He was several steps away from the Kremlin, and now is going to Belarus: Russian media posted a photo of Prigozhin leaving Rostov.
Prigozhin is coming to Lukashenko.
What will this arrangement lead to? We'll see soon. pic.twitter.com/uvcHqT0oo9
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) June 24, 2023
Пригожин не е виден во јавноста откако го напушти Ростов доцна во саботата и до денеска не го коментираше договорот или бунтот.
Според пишувањето на прокремаљскиот Лента.ру, кој се повикува на каналот Бриф на Телеграм, Пригожин е забележан во хотелот Грин сити, со три ѕвезди, на периферијата на белоруската престолнина, Минск. Од хотелот не можеле да ја потврдат информацијата, повикувајќи се на доверливост на податоците на гостите.
МИА