Сите внимателно ги следеа настаните поврзани со подморницата која сакаше да стигне до Титаник. Меѓу жртвите има и татко и син, а мајката на загинатиот млад човек откри како двајцата отишле на оваа експедиција, пренесува Б92.
Нејзиниот син се пријавил да го собори Гинисовиот рекорд и со себе зел Рубикова коцка, додека неговиот татко требало сето тоа да го сними.
“Во тој момент не разбрав што може да значи. Сè само тргна надолу”, рекла мајката.
Таа додаде дека нивното семејство го планирало ова патување и претходно, но се е одложено поради пандемијата, а како што рече, тој никогаш не заминал без Рубикова коцка, можел да го реши за само 12 секунди.
Рече, ќе ја решам Рубиковата коцка на 3.700 метри под морето, кај Титаник“, рекла мајката.