Светиот архијерејки синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција.
Во соопштението од МПЦ-ОА се вели дека „во предложените закони се упати на низа спорни елементи од страна на стручни лица, експерти и граѓани, но тие не се земаат во предвид. Напротив, законите се обидуваат да се донесат што побрзо и нетранспарентно, на штета на граѓаните, а особено на жените и децата“.
Поради тоа, Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, повикува на Сенароден собир во четврток, 29.06.2023г. од 18.00 часот пред Соборниот храм „Св. Климент Охридски” во Скопје.
Во видеопораката на Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан се вели:
-Возљубени, секој од нас но и сите заедно имаме света должност, она што сме го примиле и налседиле од нашите предци и како посебност и како сечовечко наследство и преданије да го продолжиме и да им го оставиме на поколенијата по нас. Со тоа го чуваме не само минатото туку обезбедуваме иднина како припадници и на својот народ и на општчовечката заедница. Бранејќи ги и чуваќјки ги достоинствено тие придобивки ќе ги исполниме тие обврски и кон Бога и кон својот род, вели г.г. Стефан.