Жељко Самарџиќ е многу витален и здрав, но се соочи и со здравствен проблем кој го има под контрола.
Тој зборуваше за својата борба со болеста, која го натера радикално да го промени начинот на живот, пренесува Информер.рс.
-Станува збор за автоимуна болест на тироидната жлезда која предизвикува повремени проблеми. Штом почнав со редовна терапија, се беше во ред. Секое утро пијам по една таблета и тоа е тоа – започна пејачот и откри дека многу долго имал Хашимото, но дури подоцна го открил:
-Жените најмногу боледуваат од оваа болест, но мене ми се случи и се справувам со неа најдобро што знам. Подоцна дознав дека многу од моите пријатели имаат синдром на Хашимото, а јас го имав долго време без да знам – изјавил пејачот, а болеста на Жељко Самарџиќ му го промени начинот на живот.
-Од моментот кога ми се случи Хашимото, како да ми се сруши светот, не знаев што не е во ред со мене. Сега продолжив со нормален живот бидејќи редовно земам терапии. За три месеци одам на преглед и земам крв. Болеста ме промени од корен. Порано земав чашка ракија или повеќе вино, но сега не можам затоа што морам да ги заштитам гласните жици. Кога ми работи, се е во ред.
Како што вели, Жељко Самарџиќ случајно дознал дека има Хашимото.
-Оваа болест ја открив кога одев на операција на симпатикус нерв за да не се потам, а по некое време се покажа дека е Хашимото, намалена функција на тироидната жлезда – откри тогаш Жељко.
.