Силно невреме проследено со интензивни врнежи од дожд и град околу пладне го зафатија Охрид и околината.
На моменти, градот беше со големина на орев, што ќе предизвика штети, особено на овошките и посевите.
Невремето што траеше околу половина час ги испразни улиците низ градот.
-Се споија небо и земја, велат некои охриѓани.
Градската канализациска мрежа не можеше да ја прими сета вода, која почна да се излева од шахтите.
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, свика состанок на Општинскиот кризен штаб поради невремето.
-Правец на движење на нестабилната облачна маса е од југозапад кон североисток. До крајот на денот ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град, велат од ЦУК.