Актерот Алек Болдвин (65) и сопругата Хиларија (39) минатата година го добија своето седмо дете, малата Иларија Каталина Ирена, а поранешната инструкторка по јога сега откри дека „речиси сигурно“ завршила со породувањето, изјави таа за Ромпер.
-Секогаш се плашам да го кажам тоа. Неодамна ја оставив трудничката облека и си помислив: „Се плашам да ја дадам некому бидејќи тогаш ќе дознаам дека сум бремена“ – се пошегува Хиларија.
Таа, исто така, откри дека по секоја нова бременост, лекарката ќе запише број за лекар кој прави вазектомија, но дека Алек сè уште не го направил тоа. Хиларија истакна дека не сака бременост, но обожава бебиња и сака породување. Таа објасни дека за неа тоа било како „да се спуштила на многу страшен воден тобоган“.
Инаку, славниот пар има седум деца: Кармен (9), Рафаел (7), Леонардо (6), Ромео (5), близнаците Марија и Едуардо (2) и осуммесечната Иларија. Актерот ја има и ќерката Ајрланд (27) од бракот со актерката Ким Басинџер (69).
Алек е 26 години постар од Хиларија, се венчаа во 2013 година, а во интервјуто се осврна на коментарите кои често ги добива, пренесува 24сата.хр.