Доколку посакувате сладолед, но подеднакво ви се јаде и десерт со вкус на кафе и чоколадо, ви носиме рецепт кој е совршен за вас!
Мешавина од крцкаво чоколадо, кремаста слатка павлака и горко кафе во вас ќе го разбудат вистинскиот сладокусец. Рецепт за пенлив чоко-кафе десерт кој ќе го воодушеви целото семејство и секој ваш гостин.
Состојки:
100 грама темно чоколадо
100 грама бело чоколадо
500 мл. засладена слатка павлака
Ќесички кафе 3 во 1
80 грама кекс со какао
чоколаден топинг
неколку лажици какао и млеко
Подготовка:
Црното и белото чоколадо исечкајте ги на ситни парчиња, па тргнете ги на страна. Во подлабок сад ставете ја слатката павлака, па додајте кафе 3 во 1 и добро изматете ги во шлаг. Четвртаст силиконски калап со димензии 10 x 20 см обложете го со алуминиумска фолија,така што краевите треба да висат од страните.
На дното на калапот истурете една третина од изматениот шлаг и измазнете го. Какао кексите кратко потопете ги во млеко, па редете парчиња кекс попречно по средината на калапот од почеток до крајот. Преку тој слој додајте ја другата третина од шлагот, па измазнете.
Преку него повторно редете слој какао кекс потопен во млеко.
Преку вториот слој на кекс истурете го останатиот дел од шлагот, но сега попречно, се’ додека не ја покриете целата површина на шлаг. Овој слој на кекс ќе се наоѓа на дното на десертот и ќе служи како кора.
Преклопете ги краевите на фолијата преку кексот и ставете го калапот во замрзнувач околу 2 часа, за колачот да се стегне и формира. Кога десертот ќе се стврдне, тргнете ја фолијата од врвот и истресете го полека од калап на чинија, така што кексот да биде на дното. Одозгора посипете како и прелијте го колачот со чоколаден топинг. Сечете на правоаголни парчиња и послужете.