СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Во 2022 година, пријавената на 44-годишен тетовец лажно му се претставила како вработена во МВР, а во исто време времено вработена и во странска амбасада, по што му ветила дека ќе му заврши работа за добивање виза и му побарала да ѝ плати 800 евра.
Оштетениот ѝ ги дал, но до пријавувањето на настанот на 04.05.2023 година, тој не добил виза, односно сфатил дека бил измамен.