Актерот Џон Гудман (70) во поголемиот дел од кариерата се бореше со вишокот килограми, а последните години конечно ја доби таа битка.
Џон оваа недела присуствуваше на ТВ фестивалот во Монте Карло, каде ја промовираше својата нова серија „Праведните скапоцени камења“ и ги шокираше сите со својот изглед.
Фотографиите на видно послаб, дури и малку пијан актер брзо го обиколија светот, а тој на нив изгледа одлично расположен, а се чини дека слабеењето му ја врати енергијата, пренесува курир.рс.
Гудман ја започна својата трансформација во 2017 година, кога реши да се посвети на здрав начин на живот и се откажа од алкохолот, а Дејли Мејл претходно напиша дека актерот ослабел повеќе од 90 килограми.
„Претходно само бутав се што ќе ми дојде до рака“, изјави тогаш тој за странските медиуми и се пофали дека почнал многу повеќе да ги контролира порциите и да оди, па дури и да вежба со личен тренер. Претежно јадел риба, јаткасти плодови, овошје, зеленчук и маслиново масло.
Во текот на неговата кариера, Џон глумеше во бројни успешни филмски и телевизиски продукции, а неговата најнезаборавна улога беше во серијата „Розеан“, во која од 1988 до 1997 година го играше Ден Конор и која своевремено соборуваше рекорди на гледаност.