Регионалниот ЦУК Охрид, известува од СВР Охрид дека едно лицето од селото Горно Средорече, охридско дека се изгубило вчера од 20:40 часот и по него е организирана потрага.
По целовечерна, тимски комбинирана, потрага во раните утрински часови изгубеното лице е пронајдено во добра здравствена состојба
-Сопругот, кој го пријавил исчезнувањето, информирал дека биле задно да собираат печурки на различни локации низ шума. Кога требало да се сретнат на договореното место, кај нивниот автомобил, жената не се појавила. Во потрага по исчезнатото лице била вклучена и единицата за спасување на планина со куче обучено за пребарување, екипа на полицијата од СВР Охрид, мештани од селото и роднини на исчезнатото лице. За дел од трагачите потрагата траела до еден часот по полноќ, но дел од мештаните и роднините останале на терен. Денеска, поточно утрово од пет часот сите екипи излегле на терен, по што за кратко време изгубеното лице било пронајдено, информираат од ЦУК.