Една жена од Еквадор која пред неколку дена „оживеа“ во ковчег за време на подготовките за погреб, сега всушност почина.
Бела Монтоја (76) почина во петокот попладне, откако една недела помина во критична состојба во болница во крајбрежниот град Бабахојо, според зборовите на Гилберто Барберано, синот на жената.
Монтоја „оживеала“ на сопствениот погреб и почнала да удира по капакот на ковчегот, и итно била пренесена во општата болница Мартин Иказа.
¡REVIVIÓ EN SU #VELORIO! 😨
En #Ecuador, un doctor dio por #muerta a una señora de 76 años pero horas más tarde la mujer se levantó en su #ataúd y quedó grabado en #video. https://t.co/UJcLjFd9JI pic.twitter.com/MkQhP4Np3i
— Fuerza Informativa Azteca (@AztecaNoticias) June 10, 2023
„За време на нејзиниот престој во болница, таа доби сеопфатна медицинска нега и периодични евалуации од болнички специјалисти. Исто така, беше извршен соодветен медицински преглед за овој случај“, се вели во соопштението на Министерството за јавно здравје на Еквадор.
Монтоја првично била хоспитализирана поради мозочен удар, а претходно била пријавена дека е мртва. Нејзиниот син рекол дека морал два пати да ја пријави смртта на мајка му за да го запише предметот во матичната книга на роденитепренесува мондо.рс