На местото кадешто од вчера се трага по тројца косовски државјани по страотната сообраќајна несреќа, во реката Лепенц спасувачките екипи пронајдоа автомобил.
Сител јави дека засега нема потврда дали станува збор за истото возило со кое вчера од патот излета семејството од Косово.
Автомобилот е пронајден неколку метри од несреќата, но поради длабочината и матните води спасувачките екипи не успеаја досега да го лоцираат.