Реката Вардар се излеа и поплави површини во населените места Раотинце, Копанце и Туденце во Општина Јегуновце. Центарот за управување со кризи извести дека претседателот на месна заедница од село Раотинце во Општина Јегуновце пријавил, на единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, излевање на Вардар, при што покрај ниви и површина се поплавени и куќи од селото (околу 15).
-Водата од реката се прелеала на критичните места кај Копанце и преку месноста „Старо Вардариште“ дошла во атарот на село Раотинце. Ова е второ излевање на водата од Вардар во време од еден месец во овој предел. Инаку, нивото на водата на Вардар во моментот е до максималната кота во коритото, се вели во соопштението на ЦУК.
Градоначалникот на Јегуновце, Димитар Костадиноски потврди дека излевањето на Вардар е причина за поплави, а воедно и посочи дека поплавени се ниви и во Туденце.
ЦУК известува дека водата од реката се прелеала на критичните места кај Копанце и преку месноста „Старо Вардариште“ дошла во атарот на с. Раотинце. Ова е второ излевање на водата од Вардар во време од еден месец во овој предел. Инаку нивото на водата на Вардар во моментот е до максималната кота во коритото. Според последните вечерни информации има известување до ЦУК дека опасноста од надојдената вода во Општина Јагуновце по намалувањето повторно е присутна, повторно има прилив на вода. Конкретно, излеаната вода на р. Вардар во с. Раотинце, Општина Јегуновце повторно надоаѓа.
Регионалниот ЦУК Струмица известува за состојбата со р. Вардар од Демир Капија до Гевгелија.
Последното мерење на нивото во 18.30 ч. на р. Вардар кај Демир Капија е 260 см, што е за околу 30 см зголемено од утринското мерење во 07.00 часот.
-Засега нема опасност од излевање. За да дојде до излевање во долниот дел од течението, од с.Удово – с.Марвинци и Гевгелија, нивото треба да се зголеми на 350 см.
Состојбата редовно ќе се следи и се известува, соопшти ЦУК.
големен водостој на реките што ги полнат акумулациите на хидросистемот Брегалница регистрираа попладнево вработените во водостопанската подружница од Кочани.
Од браната Калиманци во моментот превентивно се испуштаат по околу 18 кубни метри вода во секунда што се користи за производство на електрична енергија. Доткот во акумулацијата е со променлив капацитет и во просек се движи над 20 кубни метри во секунда.
Поради зголеменото ниво на водата во Кочанска Река на одделни места во атарот на селата Горни и Долни Подлог пробиен е земјениот брег и поплавени се десетина хектари со пипер и пченка.
ЦУК соопшти дека добиено е известување дека на патниот правец „Долни Подлог – Облешево“ во близина на оранжериите „Зелена Куќа“ водостојот на Кочанска Река е на максимално ниво и е можно да го преплави мостот. Известени се во полицијата – СВР Штип за да би реагирале навремено и за да се обезбеди мостот.