Наместо да ги решава проблемите на своите граѓани со бугарска самосвест, Северна Македонија лобира. Ова го вели европратеникот од Бугарија, Емил Радев по резолуцијата на германскиот Бундестаг, каде стои дека Македонија треба активно да се поддржува на патот кон Европската унија и да се признае нејзиниот јазик и култура.
-Ова е лош знак што покажува дека Скопје наместо да ги решава проблемите со насилството врз луѓето со бугарска самосвест, бара европско лоби да ги заобиколи нашите услови, изјави пратеникот од Европската народна партија Емил Радев, коментирајќи ја одлуката на Берлин.
-Гледаме што се случува со народот и насилството, очекувавме осуда, а не ова. Ние, се разбира, ќе ги заштитиме луѓето до крај, го осудуваме, ова е недозволиво“, коментираше Радев.