Екипи на ЈКП „Брегалница“ и на ТППЕ Делчево деновиве интензивно работеа на санирање на последиците од невремето коешто го зафати на Делчево на 8 јуни.
Изминативе денови ТППЕ Делчево вршеше испумпување вода од дворовите и подрумските простории во населба „Пролет“, во погоните на АД Фротирка-Компани, Фондот за здравство, на ул „Маршал Тито“, крак од бул „Македонија, ул „Рударска“, ул „Никола Карев““,„Кирил и Методиј“, ул „Григор Прличев“, „Крушевска„, ул „Индустриска“ и други објекти. Исто така, се вршеше прочистување на атмосферската и канализациската мрежа и перење на улиците „Маршал Тито“, „Царевоселска“. Интервенциите се вршеа со соодветна опрема и 12 пожарникари.
ЈКП „Брегалница“ со две градежни машини, 2 трактори, камион, комунални возила интензивно работеа на расчистување на последиците од невремето. Екипите работеа на расчистување на наносите од камења, песок и кал; оспособување на патиштата за непречено одвивање на сообраќајот во населба „Пролет“, бул. „Македонија“, ул. „Индустриска“, ул. „Царевоселска“, ул. „М. Тито “ и локален пат с. Габрово, локален пат с. Полето.
Екипи од водовод работеа на: отстранување на 2 дефекти на водоводни линии, како и на испумпување на водата од поплавени објекти во населба „Пролет“, ул. „Царевоселска“, Центар за дијализа и др. објекти.
Инаку, Комисија за проценка на штетите на терен врши увид на пријавените штети од граѓани, а досега до Општина Делчево се пристигнати 95 пријави за штети од невремето.