Со тешки телесни повреди заврши патник, кој вчера попладне паднал од автобус на ЈСП. Патникот е пренесен на лекување на комплексот Клиники.
-На 15.06.2023 околу 16.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Јане Сандански“, во автобус на ЈСП, при возење паднал патникот Ж.Г.(72) од Скопје. По несреќата, Ж.Г. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди, соопшти МВР.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Не е прв пат патник да падне од автобус на ЈСП. Граѓаните се жалат на преполнетите автобуси, недоволниот број на возила за јавен превоз на улиците на Скопје, особено во часовите на одење и вражање од работа.