Кратката интерна шега на подкаст обелодени дека шефот на кабинет на министерот Азир Алиу му е зет. Денеска на прес конференцијата по повод 100 дена од неговото работење во ресорот Информатичко општество и администрација во состав на Владата, министерот Алиу беше прашан дали ќе даде оставка поради непотизмот и зетот шеф на кабинет.
Алиу рече дека знае оти јавноста е сензитивна, особено на корупција и непотизам и објасни дека се работи за шега со неговиот шеф на кабинет, кој всушност е зет на семејството Алиу, а не, како што рече „зет за ќерка или сестра“.
-Мора да бидете претпазливи и од аспект на кариера и човечката инфраструктура. Законски министерот може да именува лица кои ги следат политиките на министерот и институцијата, додека вработените се внатрешни. Единствен кабинет кој ја отсликува реалноста во Македонија е кабинетот на МИОА. Ги има експертите од сите националности , јас се гордеам со тоа. Јас се шегувам за тоа е во поткаст во кој велам: Освен таст ти си ми зет и ти треба да ме заштитиш, затоа, тоа е излезено надвор од контекст. Тој не е зет за ќерка, мала е, или зет за сестра ми, правно може да покренете постапка, се’ е во ред. Нема непотизам. Тој е зет на семејството Алиу, рече министерот Алиу.
Како што објасни, „идејата е да имате експерти во кабинет и да верувате во нив“, бидејќи како што рече дневно потпишува десетици документи, и ако нема човек и како експерт и човек на кој не му верувате, ја ризик кариерата.