Надежната млада македонска репрезентација до 21 година официјално ги почна подготовките за последните два теста во подготовката на оваа генерација со контролни пријателски мечеви со Малта и Ерменија, како завршна подготовка за септемврискиот старт на евроквалификацискиот циклсу за Еуро 2025 во Словачка.
Македонија под палката на Драги Канатларовски имаше одлична серија од шест меча без пораз пред мартовските тестови во Анталија, каде Македонија не блескаше, не одигра убедливо, победи само еднаш и тоа на пенали, а загуби двапати. Сега против Малта и Ерменија, два меча на тренинг-центарот „Петар Милошевски“, надежната селекција ќе се обиде да ја врати победничката атмосфера пред тоа што претстои.
Методи Максимов, екс-фудбалерот на Работники, а актуелен на Шкендија и еден од најискусните во оваа селекција најави дека селекцијата расте од меч како меч и дека до септемврискиот старт против Шведска ќе биде на највисоко ново.
Тој посочува дека две победи со Малта и Ерменија ќе ја заокружи оваа изградба на тимот, а потоа во најдобра атмосфера да се сочека евроквалификацискиот циклус.
Првиот меч со Ерменија е во четврток од 17 часот, додека дуелот со Малта е на 22 јуни исто така од 17 часот.