На е-маил адресите на МВР на Црна Гора, до Управата на полицијата, Агенцијата за национална безбедност, министерствата и некои медиуми упатени се закани дека канистри со наводно отровен нервен гас со детонаторски направи ќе бидат поставени во Подгорица, Бар, Будва и Котор, потврди РТЦГ во правосудните институции.
Инаку, неколку црногорски училишта и утринава добија дојави за подметнати бомби. Заканите повторно дојдоа во мејлови во кои, меѓу другото, се наведува дека „има бомба во училиштето“, „дека сите се безначајни“ и смртни закани.
Токму затоа, како што најавија од Министерството за образование, тие ќе се одвиваат онлајн, а се откажуваат и екстерните испити за матурантите.
Во неколку црногорски градови вчера не се одржа настава поради закани со бомби, евакуиран е Парламентот на Црна Гора, како и Вишиот суд и општините.
Агенции