Еден од главните експоненти на „Огнената група“, Изет Меџити, го прашува првиот вицепремиер Артан Груби зошто молчи за обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ и Движењето Беса од пред неколку дена дека работи на враќање на азилантот од Унгарија, Никола Груевски .
Меџити прашува дали Груби на овој начин молкум ја прифаќа соработката со Груевски, бидејќи и покрај сите обвинувања, тој не ги демантираше ваквите тврдења на опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Движењето Беса, јавува Лајм .
-Зошто Артан Груби молчи и на овој начин немо ја прифаќа соработката со Груевски, бидејќи и покрај сите тие обвинувања не ги демантираше ваквите тврдења на опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и Движењето БЕСА“, вели Меџити.
Опозициските партии пред еден ден обвинија дека лидерот на ДУИ Али Ахмети и вицепремиерот Артан Груби го штитат поранешниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
„Ќе треба да им објаснат на граѓаните, Македонците, Албанците и другите, зошто во судовите и во обвинителството не владее законот, туку партиски наредби. Зошто изгоре модуларната болница во Тетово, а животите ги загубија невини луѓе? Зошто се случија „Дурмо турс“ и „Беса транс“ каде што луѓето ги загубија животите поради систем кој не функционира? Зошто студентите се’ уште немаат книги и не се знае дали ќе добијат свидетелства? Зошто здравството пропаѓа и луѓе умираат по болнички ходници итн.? Али Ахмети и Артан Груби нека продолжат да го бранат „поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ?, прашува Меџити.
Истите обвинувања ДУИ ги доби и од лидерот на Движењето БЕСА, Билал Касами, кој вели дека Артан Груби сака со него да го врати Никола Груевски и коалициската влада.
„Слушате како вели дека Никола Груевски имал повисок рејтинг од сегашното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Како што изгледа, Артан Груби сонува за успешна соработка во корупција со Никола Груевски, политичар, просрпско, проруско раководство, чии последици ги видовме за 10 години владеење“, изјави Билал Касами, од Движење БЕСА.
Вицепремиерот Артан Груби пред неколку дена изјави дека избеганиот експремиер Никола Груевски на анкетите има поголем рејтинг од актуелниот лидер на ВМО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Лајмпрес