Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Мајами Хит со 109:94 во третиот натпревар од финалната серија во НБА, го вратија брејкот и сега водат со 2-1.
Никола Јокиќ одигра спектакуларен меч на Флорида, пред околу 20.000 противнички навивачи во Мајами каде Нагетс славеше важна победа.
Лидерот на Денвер го заврши мечот со 32 поени, 21 скок и 10 асистенции, а страшна партија пружи и неговиот ортак Џамал Мареј кој имаше исто трипл-дабл учинок со 34 поени 10 скока и 10 асистенции.
Клучот на победата го имаше и „руки“ резервистот Кристијан Браун кој изненади со 15 поени и шут 7/8 од игра.
Кај поразениот Мајами кој игра бескрајни серии од почетокот на плејофот, Џими Батлер уфрли 28 поени а Бам Адебајо имаше 22 поени со 17 скока и три асистенции.
Четвртиот меч се игра меѓу петок и сабота во 02:30 часот а домаќин пак ќе биде Мајами Хит.