На социјалните мрежи се прошири снимка од младоженецот како зјапа во телефонот или му испраќа порака на некого веднаш по венчавката, додека тој и неговата невеста се уште ја напуштаат црквата.
Како што можете да видите на видеото, новопечениот пар ја напушта црквата. Невестата ги пречекува гостите сите насмеани, а за рака го држи младоженецот кој е поважен со нешто на мобилниот телефон, пишува NY Post .
Видеото, кое беше споделено на TikTok, а потоа избришано од профилот што првично го објави, подоцна заврши на Твитер каде што собра десетици милиони прегледи. Коментаторите на социјалните мрежи пишуваат претпоставки што прави младоженецот, но и каков ќе биде нивниот брак.
„Овој брак брзо ќе заврши“, предвидува твитерџија, на чиј профил е повторно објавеното видео што собра повеќе од 40,8 милиони прегледи.
„Ова е лудо… непочитување и вознемирувачко. Сосема непотребно“, напиша друг запрепастен гледач под виралното видео.
извор: NY Post