Независниот синдикат на ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина најави дводневен протест в петок и сабота, по повод незадоволството од платите и вработувањата.
Претседателот на Независниот синдикат на геријатрија денеска на прес-конференција најави дека ќе бараат порамнување на платите и потпишување нови договори.
Костовски нагласи дека протестот не би се одржал доколку Министерството за финансии, како што вели тој, имало слух за нивните потреби.
Протестот за Град Скопје ќе се одржи в петок, а за цела држава во сабота со почеток од 11 часот, и ќе започне од МРТ спрема Црвен крст, па се’ до Собранието и Министерство за правда. Ќе заврши пред Владата каде што работниците ќе го изразат своето незадоволство.