„Саем за транспорт 2023“ ќе се одржува од денеска до 9 јуни на отворено, во комплексот „Борис Трајковски“ во Скопје, каде ќе се претстават повеќе од 30 познати и реномирани брендови од земјата, регионот и пошироко.
Меѓу потврдените учесници се бренд-имињата на импортери на товарни возила (Schmitz – Cargobull, Volvo, Mercedes Benz, Iveco, Isuzu, Ssang Yong, Piaggio Commercial, Krone, Carrier, Thermo king), како и други компании со комерцијални возила, автобуси, градежна механизација, транспортни и логистички компании, придружна индустрија и услуги.
Во рамките на тридневниот саем, ќе се одржат и многубројни промоции на врвни брендови во индустријата.
МИА