Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ околу 15 часот во четвртфиналето на Ролан Гарос ќе игра против Русинот Карен Хачанов, соопштија денеска организаторите.
Овој натпревар е планиран како трет дуел во денот на теренот „Филип Шатрије“. Натпреварот меѓу Ѓоковиќ и Хачанов треба да започне околу 15:00 часот. Српскиот и рускиот тенисер во кариерата одиграа девет меѓусебни натпревари, а Ѓоковиќ води со 8:1 во победи.
Минатата година Ѓоковиќ беше елиминиран во четвртфиналето на Отвореното првенство на Франција од Шпанецот Рафаел Надал, кој подоцна го освои Ролан Гарос.
Програмата на теренот „Филип Шатрије“ од 20:15 часот ќе ја затворат Шпанецот Карлос Алкараз и Гркот Стефанос Циципас.
Ролан Гарос се игра за награден фонд од 49,6 милиони евра.