Заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ, рече дека е важно е опозицијата да ја сфати својата одговорност во носењето на овие одлуки. Според него, нема ништо спорно зошто во Уставот да не се впишат уште неколку заедници, кои како што вели Маричиќ се и онака граѓани кои живеат во Македонија.
-Тие ја пропуштија таа шанса за НАТО, за Преспанскиот договор, не треба, еве им се дава прилика да не ја пропуштат овој пат, со тоа што овој пат текстот, содржините на измените е далеку, далеку, да речеме е со помала тежина и предизвикува помали проблеми, во однос на тоа што било претходно, рече Маричиќ.
Вицепремиерот за европски прашања, Маричиќ е дециден доколку не се направат уставните измени, дефинитивно ќе биде испуштена шансата за влез во ЕУ.
-Има некое чувство кај дел од опозицијата дека не е битно кога ќе бидат измените и дека можат да се направат по три години и по четири години. Мислам дека тоа е едноставно губење на време, коешто не можеме да го вратиме и коешто може да предизвика уште десет години да останеме во чекалната, вели Маричиќ.
Сега е моментот, вели Маричиќ, кога се отвара патот кон ЕУ, а тоа се и пораките од Брисел, претседателката на Европската комисија и од сите останати добронамерни сојузници на нашата држава.
За евентуални коалиција, како што вели вицепремиерот, најверојатно може да се разговараат понатаму, но смета дека најдобро ќе се постигне македонското национално единството доколку сите големи партии гласаат за уставните измени и го отворат пат кон ЕУ.