Како од рубриката „Верувале или не’, им се случило на четворица разбојници, кои рано изутрината околу 3 часот се обиделе со експлозив да разнесат банкомат во скопски Бутел. Експлозивот експлодирал, но банкоматот не се отворил, јавива ТВ Шења.
Наместо да го отвори банкоматот, силната експлозија ги разбудила жителите, но и оштетила три автомобили паркирани во близина. Набргу пристигнала и полицијата.
„На 06.06.2023 во 03.38 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачје на Бутел четири лица кои дошле со возило, поставиле експлозивна направа на банкомат и се обиделе да одземат пари, но не успеале. Од детонацијата се оштетени три возила. Нема повредени лица“,соопшти МВР.
Извршен е увид, по разбојниците се трага.
фото: ТВ Шења