Светски познатата пијанистка, Лола Астанова ѝ приреди на македонската публика ексклузивен концерт.
Изминатиот петок таа настапи во Македонската филхармонија, докажувајќи уште еднаш дека е единствена по својот музички израз и иновативната аудиовизуелна изведба на пијано. Настанот претходно беше најавен на прес конференција во Скопје, каде Астанова порача дека свири онака како што ѝ кажува срцето и како што чувствува.
„Сама ги правам аранжманите, сакам да компонирам музика, сакам и да пишувам текстови. Дури повеќе уживам во тоа отколку во самиот настап или да изведувам нечија друга музика. Слушам различни музички жанрови. Сакам поп, денс музика. Мојата плејлиста е навистина избрана. Не сакам самата да се ограничам на само еден жанр“, изјави Астанова.