Премиера вечерва на преставата „Роденден“ во режија на Васил Хрстов во Народниот театар во Штип. „Роденден“ е работена по текстот на Харолд Пинтер, познат британски автор и нобеловец, со ансамблот на штипски театар: Милорад Ангелов, Даријан Петров, Стефанија Митевска, Владимир Тулиев, Валентина Ѓорѓиевска и Ефтим Трајчов Ќаурски.
Режисерот Христов вели дека станува збор за театарска претстава која има психолошки карактер. Тој смета дека театарот не треба да им ја земе работата на естрадните уметници и да ја забавува публиката, туку да им покаже нешто значајно, а оваа претстава ја има токму таа функција.
„Станува збор за психолошка драма. Малку посериозна драма каде што се истражува влијанието на општеството врз поединецот и кон што тоа води, кои се психолошките реперкусии од едно општество кое го притиска поединецот.“ – додаде Христов.
Претставата е една од вкупно петте премиери до јуни на Народен театар Штип. Овие претстави се дел од одбележувањето на 100-годишнината од организираното театарско движење во Штип.
фото-trn.mk